Фудбалерите на Охрид го освоија трофејот во општинскиот Куп и успешно ја заокружијата сезоната во која уште обезбедија пласман во Втората лига.
Во финалето на СРЦ „Билјанини Извори“, „сино белите“ со 4-0 ја совладаа екипата на Сатеска која како бранител трофејот го започна натпреварот. Стрелеци за охриѓани беа Дарко Матески Томче Речкоски во првиот дел односно Никола Секулоски и Ромео Кочоски во второто полувреме.
Со триумфот во општинскиот Куп, Охрид обезбеди пласман во Купот на Македонија следната сезона и на совршен начин стави точка на сезоната.
Мх.П.