Во организација на Клубот на млади при општинскиот Црвен крст, синоќа во кафе бар Аквариус, се одржа хуманитарна забава за помош на охриѓанецот Трајан Целески-Тачо, на која настапија бендот „Броз“ и Ансамбл „Билјана“.

Трајан Целески – Тачо е 30 годишен охриѓанец, истакнат атлетичар и спортист. Пред две  години Тачо се избори против тумор на мозокот, но болеста повторно му се врати. Треба итно да замине на лекување поради сероизната здравствена состојба.

Хуманите граѓани можат да донираат помош за Тачо и на трансакциската сметка во Стопанска банка: 500600018999581.

Фото: А. Момироска
OhridNews