Верници уште од раните утрински часови започнаа да доаѓаат во манастирот Св. Наум Охридски каде со света архиерејска богослужба денеска се одбележа празникот Св. Наум Охридски Чудотворец. Голем дел од нив допатуваа со бродовите „Александрија“ кои традиционално за овој ден пловат по симболична цена.

Верниците палеа свеќи и се поклонија пред гробот на големиот светец, за кој се верува дека има чудотворна моќ.

Св. Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охрдското Езеро кој сам го изградил. Таму тој ја развивал својата просветителска дејност. Освен по книжевната работа меѓу народот бил познат и како исцелител и за време на својот живот излечил многу луѓе претежно душевно болни. Познат е и како чудотворец бидејки направил и многу чуда, а некои од нив се претставени и на фреските од неговиот манастир како таа на која е претставен Св. Наум кој ги впрегнал заедно волот и мечката да ораат. Се упокоил во 910 година.

OhridNews
фото: Емил Јовановиќ