Жителите на Охрид полека се адаприраат на мерките за превенција од корона вирусот, кој со голема брзина се шири низ светот, поради што е прогласена пандемија. Преку ден можат да се забележат граѓани на мала прошетка на воздух, но не во обем вообичаен за убаво време, како што е деновиве. Го нема и познатиот џагор околу детските игралишта, кои се речиси празни.

Угостителските објекти согласно најновите мерки на Владата ќе работат во периодот од 07 до 18 часот, кога има и поголема фрекфенција во кафулињата и рестораните на кои им се препорачува да го намалат капацитетот во внатрешноста заради обезбедување безбедна оддалеченост на посетителите од најмалку еден метар и половина до два метри помеѓу луѓето кои престојуваат во овие објекти. Од вечерва, пак, тие нема да работат после 18 часот, поради што откажани се забавните настани и гостувања на музички групи и диџеи.

Охрид на 12 март во 20.00 часот

Владата донесе одлука да се прекине со работа и да се затворат и кината, театрите, игротеки, музеи и сите други институции каде што може да се одржуваат масовни собири, настани или концерти и други културно – информативни настани, односно целосна забрана за одржување и организирање на секаков вид на јавни приватни собири, без оглед на обемот и бројот на учесници за време на овој период. Одлуката важи и за сите спортски објекти или вежбални, каде што може да се одржуваат секаков вид на собири и настани, без оглед на обемот и бројот на учесници за време на овој период.

Денеска е прогласена кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде има најмногу заразени од вирусот Covid 19. На сила се посебни мерки во чие спроведување, покрај претставници на соодветните институции и центри за јавно здравје, вклучена е и полицијата.

За непридржување кон мерките предвидени се казни согласно законот, кои најстрого ќе се применуваат најавија властите.

Одлуките мора да се почитуваат. Ако велиме дека нема масовни собири – нема масовни собири. Тоа не е шала. Ова е за добро за граѓаните, за нивното здравје, за децата, за родителите, за сите нас. Секој којшто не го почитува законот против секој ќе се преземат соодветни мерки. – изјави денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Г.М.

Фото: Охрид застана 

Охридскиот угостителски еснаф во целост ќе ги почитува владините препораки, се надеваат дека кризата наскоро ќе биде надмината