Над 250 учесници од различни генерации, зедоа учество во масовното искачување на врвот Магаро на планината Галичица, што по повод доаѓањето на есента, викендов го организираше  клубот „Mauntain Madness“.

Меѓу охриѓани на возбудливата планинска тура беше и градоначалникот и се уште активен планинар Константин Георгиески, но и њубители на природата од други градови од земјата. Во акцијата која имаше и едукативен карактер,  се вклучија и децата од спортската школа „Фер плеј“ со своите родители.

 

Радува што охриѓани почнуваат масовно да планинарат и да уживаат во природните убавини на Галичица. – истакнаа од клубот „Mauntain Madness“, изразувајќи благодарност до Националниуот парк и локалната самоуправа за поддршката.

Охриѓани ја сакаат планината, масовно освоен врвот Магаро

OhridNews