Ваков натпис осамна денеска на влезот од плацот од охриѓанецот Спирко Топаловски. Причина за „необичниот оглас“, е револтот кон институциите, кои, според него, немаат исти аршин во решавањето на проблемите од урбанистичката сфера кон сите граѓани.
Топаловски ги обвинува властите за двојни аршини и селективна правда, посочувајќи дека веќе 12 години не може да изгради дом за своето шестчлено семејство на имот од неговата мајка во населбата Рача. Надлежните институции не му даваат дозвола со образложение дека нема соодветен пристапен пат од булеварот, за каква се води сообраќајницата од Св. Стефан до Охрид, но пред се затоа што местото на неговото семејство се’ уште не е урбанизирано. Поради тоа тој вели дека е приморан со своите четири деца и натаму да живее во стан од 35 квадрати.
Топаловски кој води спор со институциите вели дека случајот ќе го тера до крај и дека е подготвен да направи се, за како што вели, да обезбеди дом за семејството.
OhridNews