Жирона синоќа загуби на домашен терен од Реал Мадрид 0:3 во 16 коло од шпанската Ла лига.

Стрелци на головите беа Џуд Белингем, Арда Ѓулер и Килијан Мбапе, а македонскиот фудбалски репрезентативец во редовите на Жирона, Бојан Миовски, одигра 58 минути.

По натпреварот тој испочитува група македонски фанови кои го бодреа Реал Мадрид, меѓу кои имаше и двајца охриѓани.

Љубов кон саканиот клуб и гест за поздравување.

Г.М

Фото: Петар Толевски.