Ракометното Езерско дерби се игра вечерва во салата „Билјанини извори“ помеѓу Охрид и Струга. Традиционално натпреварот го привлекува вниманието на спортската јавност во двата града, а посебно мотивирани се најверните навивачи.

Верните поддржувачи на Охрид, навивачката група „Рибари“ приреди огнено кортео пред почетокот на дерби средбата како увертира во големата спортска борба која се очекува на теренот во салата „Билјанини извори“.

Натпреварот Охрид – Струга може да се следи на следниот линк:

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски