Теквондо клубот „Hwa Rang Itf“ од Лескоец-Охрид во спортска сала Тодор Александров во Велгошти одржа дводневен технички семинар заедно со професорот Сениор Гранд Мастер, Ким Унг Чол црн појас деветти ден.
На техничкиот семинар учествуваа сите членови од клубот кои пред крајот полагаа за повиска категорија пред очите на Ким Унг Чол.
– Ја имавме таа чест на нашиот технички семинар да ни биде гостин еден од двајцата носители на титулата Сениор Гранд мастер. Тој несебично ни го пренесе неговото искуство кое ќе ни потребно за натпреварувањата кои ни престојат оваа година. – рече Марјанчо Лазарески.
Со овој настан охридските теквондисти официјално ги започнаа активностите за новата 2017 година.
Фото: Павел Коталески
OhridNews