Во организација на охридскиот клуб за бразилско џиу џицу „RootsBJJ“ во Охрид по осми пат се одржа семинар на кој имаше специјални гости од националната џиу џицу федерација.
На семинарот се разменуваа искуства и знаење, дел изучуваа нови техники од областа на боречеката вештина, а некои полагаа за повисоки степени во џиу џицу.
Семинарот кој се одржува два пати годишно беше со отворен каракатер и сите заинтересирани имаа можност одблиску да се запознаат со тајните на бразилската вештина.
OhridNews