Во спортската сала „Билјанини Извори“ се одржа турнир во баскет со хуманитерен каратктер, односно собраните средства од учеството ќе бидат уплатени на сметката од Трајан „Тачо“ Целески кој се опоравува после операцијата во Италија.


– Слободното време преку недела и во викендите го користиме за играње баскет, но пред се за дружење. Затоа сакавме на еден ваков начин да му помогнеме на Тачо кој речиси целиот ден го поминува на стадионот бодрејќи ги спортистите. – коментираа учесниците на хуманитарниот турнир.


За помош на Тачо се мобилизираше целиот град организирајќи разно разни настани. Спортски настани со хуманитаран карактер организираа младинската екипа на РК Охрид и женскиот ракометен клуб Лихнид и фудбалска школа Фер Плеј која во соработка со спортскиот центар Климент Колески организираше тридневен турнир во мал фудбал за дечиња.

OhridNews