Популарниот српски рок бенд „Ван Гог“, синоќа одржа одличен концерт на летната сцена Долни сарај во Охрид.
Концертот на „Ван Гог“, што се одржа во рамки на фестивалот „Охридско лето“, е дел од роденденска турнеја на бендот по повод 30 години постоење.
Публиката на Долни сарај уживаше во хитовите на „Ван Гог“: „Неко те има ночас“, „Мама“, „Коло“, „Она и ја“, „Списак разлога“ … кои со освежен аранжман се најдоа на албумот „Ако станемо губимо све“, што групата го издаде пред неколку месеци.
OhridNews
фото: „Мега продукција“