Охридските ракометари ја забележаа третата победа во контролните натпревари, откако во „Билјанини Извори“ со 23-16 (14-7) го совладаа составот на Еурофарм Работник.
„Гладијаторите“ подобро го отворија мечот и уште на стартот поведоа со 3-1, а потоа и 5-2. Во последните десеттина минута од првиот дел домаќините имаа предност од пет погодоци (10-5), а после триесет минути игра на семафорот стоеше (14-7).
Во второто полувреме охриѓани рутински ја одработија својата задача и на „фармацевтите“ не им дозволија шанса за поволен резултат во тест средбата.
Ракометниот клуб Охрид во подготвителните натпревари славеше над Прилеп и грчка Едеса, а претрпе пораз од Вардар Јуниор во Скопје.
Суперлигашките мечеви охриѓани ќе ги продолжат следниот викенд против битолски Пелистер.
Фотогалерија:
Охрид подготвен за суперлигашките предизвици.
Мх.П.