Бритинската поп/рок група Coldplay одржа одличен концерт на Ернст Хапел стадионот во Виена пред 65 000 публика. Една од најатрактивните и најслушаните групи во моментов предводена од Крис Мартин ја крена на нозе австриската престолнина и приреди одличен концерт за паметење. На турнејата низ светот Coldplay изведува музика од популарниот албумот „A Head Full of Dreams“ надополнето со безвременските хитови Clocks, Magic и Viva la Vida. Одличната изведба на Coldplay беше збогатена со богат огномет во текот на целиот концерт и беспрекорната организација.
Одличен перформанс и концерт на Coldplay во Виена.
OhridNews