Со откривањето на тајните на теквондото, хокејот и алпинизмот, со показна вежба за прва помош, со играњето на зумба и пилатес и возењето велосипед и пред се со дружењето на учениците од Основното училиште „Григор Прличев“ во организација на Асоцијацијата „Спорт за сите – сите за Спорт“ го одбележаа интернационалниот ден на спортот и здравјето.


Во еден момент на учениците им се придружија родителите и професорите, а детската насмевка на крајот од дружењето доволно говореше за преубавиот амбиент во дворот и спорската сала во основното училиште.

Новото спортско друштво во Охрид ветува уште многу вакви проекти со кои ќе се подигне пред се свеста за значењето на спортот за здравјето. 

Мх.П.