Во малата капелна црква кај Лагадин по девети пат беше одбележан денот посветен на светите на маченички Софија, Љубов, Вера и Надеж. Црквата во Лагадин пред 9 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на имендените на сите кои ги носат имињата на светите маченички Софија, Вера, Љубов и Надеж.

–  Овај ден е нешто големо, самото име на светите маченички кажува се`. На сите верници им порачувам да бидат здрави и живи и да помагаат на сиромашните – рече Љупчо Патче.

М.П.