Со топла ракија, вино и музиката на фолк пејачот Миле Кузманоски, денес, во Охрид се одбележа Денот на рибарите.
Фото: Мега продукција
Традиционално, во големиот казан, од страна на учениците и професорите од ОУТУ „Вачно Питошески“ беше подготвена рибината чорба.
- За нејзина подготовка беа набавени 400 килограми риба, морков, целер, пашканат, кромид, масло и други потребни зачини. Во подготовката учествуваа ученици од нашето училиште и дел од моите колеги, изјави Блаже Јорданоски, професор по готварство во ОУТУ „Ванчо Питошески“.
Во ладните езерски води и денес се капеа членовите на тајфата од годинашниот фаќач на чесниот крст, Петар Рупевски, а меѓу нив беше и градоначалникот Константин Георгиески.
OhridNews
Фото: Мега продукција