Дека љубовта и пасијата кон ракометот и спортот нема граници покажа дуото Мартин Ивановски и Наум Костов, кој одиграа меч за охридскиот клуб и покрај што вечерва го прославуваат завршувањето на средното образование. Ивановски блесна на мечот со Радовиш постигнувајќи 11 погодоци, додека Костов кој ја подели минутажата со Бобан Блажески реализираше два голови.

  • Не ни помислив да не дојдам и да седам дома мислејќи што се случува во салата и каков е резултатот. Ракометот и образованието се на исто рамниште, но овој пат му дадов предност на ракометот и затоа дојдов и го облеков дресот на Охрид. Забележавме рутинска победа и на најдобар можен начин го најавивме дерби дуелот со Струга следниот викенд. Се надевам дека таму ќе одиграме на високо ниво и нема да ги разочараме навивачите и публиката. – изјави Костов.

Десното крило Костов и средниот бек Ивановски се плод на охридската ракометна школа и допрва треба да бидат двигатели на успесите на клубот кој е заштитен знак на нашиот град.

OhridNews

Фото: Радовиш пружи отпор, Охрид покажа квалитет за победа