Во акцијата за чистење на Охридското Езеро од неексплодирани убојни средства, која заврши денеска, извадени се 3500 експлозивни направи и мини од периодот на Балканските и двете светски војни. Од нив 1850 се со голем калибар, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување под чие раководство се спроведе акцијата.



Неексплодираните убојни средства ќе бидат транспортирани на полигонот во Криволак кaде во недела ќе бидат уништени.



Од Дирекцијата за заштита и спасување најавија дека доколку се обезбедат донации, ќе се спроведе уште една акција, бидејќи нуркачите откриле повеќе нови локации во Охридското Езеро каде има неексплодирани убојни средства.

Ohridnews