Фудбалскиот клуб Охрид Лихнидос ја забележа втората победа во подготвителниот период совладувајќи го тимот на Фљамуртари со 6-2 на теренот со вештачка трева.
Охриѓани на дело го покажаа квалитетот надигрувајќи го противникот во сите сегменти. Во првиот дел „сино белите“ постигнаа два погодоција, а примија еден. „Сино белите“ во второто полувреме реализираа нови четири погодоци, а гостите еден за конечни 6-2. Охридските во првиот контролен натпревар славеа над Караорман со убедливи 6-0.
Тест средба во Охрид одиграа второлигашот Тетекс и струшки Карорман. На победа се израдуваа фудбалерите на Тетекс (2-1) со погодок во 90-та минута од натпреварот.
Викендов во Охрид и Струга продолжуваат контролните средби.
OhridNews