Новиот кружен тек на крстосницата помеѓу булеварот „Туристичка“ и ул.„Бистрица“ е изграден за да го растовари сообраќајот на овој мошне фрекфентен потег и да ја зголеми безбедноста. Но сето тоа го загрозуваат несовесни возачи, кои уште недовршениот кружен тек го употребуваат како паркинг со што ги доведуваат во опасност другите учесници во сообраќајот и пешаците.


Нов кружен, стари навики

OhridNews