Српскиот интернационалец Александар Андрејевиќ е нов член на Кошаркарскиот клуб АВ Охрид. 28-годишниот кошаркар во охридскиот состав пристигна како замена за Давид Миладиновиќ, кој поради повреда предвреме ја заврши сезоната.
- Моравме брзо да реагираме и донесеме соодветна замена за Миладиновиќ. Центарот прво се жалеше на болки, а после деталните прегледи се покажа дека има напукната коска. Андрејевиќ одработи тренинг со останатите кошаркари и го запознавме со ситуацијата. – изјавија од охридскиот клуб.
Андрејевиќ кратко во 2016 година го има носено дресот на Куманово, а минатата полусезона ја помина екипата на Здравје од Србија. „Галебите“ утре (недела) со почеток во 18 часот гостуваат кај МЗТ Скопје, а директен пренос љубители на спортот ќе можат да проследат на следниов линк.
OhridNews