Старото кино во Охрид буди спомени кај многу сограѓани. Многу први љубови и бакнажи “паднале“ во киното кое некогаш беше главна забава во градот. Овој објект одамна не е во функција, а дека тука некогаш било кино потсетува само старата табла на која и тешко може да се прочита што пишувало. Со денационализацијата старото кино им е вратено на наследниците кои сега располагаат со атрактивниот имот во центарот на градот. Додека не добие некаква намена, стариот објект и натаму ќе ги буди спомените на охриѓани.


Старото кино буди стари спомени

Ohridnews