Навивачите на норвешката репрезентација убедливата победа во комшиското дерби над Данска синоќа во Охрид, ја прославија со пиво. „Ладните“ норвежани уживаа во за нив невообичаено „топлото“ време на градскиот плоштад пиејќи
пиво.
Норвежаните слават во Охрид
„Немаме видено сонце подолг период бидејќи кај нас има поларна зима. Остануваме во Охрид додека траат натпреварите од втората рунда по што одиме во Скопје. Изненадени сме од ниските цени на пијалаците што ни овозможува да се опуштиме малку повеќе. Кај нас кригла пиво чини 9 евра“, вели Ернст Ерландал, навивач од Норвешка. Ништо освен злато нема да ги задоволи нашите очекувања, додава Ернст.