Македонската поп дива Каролина Гочева, синоќа имаше импресивен настап на хит плажата “Куба Либре“. Час и половина публиката уживаше во хитовите на Каролина, која покрај своите песни отпеа и повеќе актуелни теми од светските топ листи. Шлаг на вечрта беше завршниот дел од концертот кога Каролина заедно со публиката ги отпеа „Јовано Јованке“, „Зајди зајди“, „Лихнида кајче веслаше“… Секогаш комуникативна Каролина воспостави одличен контакт со публиката која имаше несекојдневна прилика да ужива во извонредниот настап на еден од најдобрите женски вокали на Балканот. Поради организациски пропуст Каролина не настапи на Античкиот театар, во рамки на фестивалот Охридско лето, но охриѓани ја видоа во одлично издание на плажата „Куба Либре“ која ова лето е најжешката дестинација на охридската ривиера.


Ноќ за паметење со Каролина во “Куба Либре“

Ohridnews


Ohridnews