Охриѓани одамна не паметат вака топол ноември. Сончевото време деновиве дури ги измами храбрите капачи да се „освежат“ во езерските води. Еден таков деновиве улови нашиот фото – објектив на плажата Канео.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, убавото време ќе потрае до денеска. Од утре до петок ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поинтензивни во среда.

OhridNews