Иако е средина на ноември времето и понатаму е пријатно, барем преку ден. Охриѓани уживаат во сонцето, а туристите уште повеќе. Низ градот се уште можат да се забележат групи туристи, главно странци, а раздвижено е и на Охридското Езеро.
Охридската флота и викендов има полни раце работа. Не е можеби како во шпицот на сезоната, ама на моменти изгледа како да е.
Охридската флота раздвижена и во ноември
Г.М.