Во рамки на мото турата виз Европа за промоција и популаризација на културите на православните народи, членовите на познатиот мото клуб „Ноќни Волци“ од Русија, кои важат за блиски на претседателот Владимир Путин, денеска го посетија Охрид. Нив ги придружуваа членови на збратимени мото клубови од земјава и Европа.

Нивното патување започна на 20 јуни од Русија, а до сега ги посетиле уште и Белорусија, Полска, Словачка, Унгарија, Србија, Косово, Црна Гора и Албанија.

-Многу не интересира културата на словенските народи, што заедно со дружењето со нашите колеги е главната цел на нашата посета. – изјави Евген Строгов, член на „Ноќни Волци“

Во хотелот „Нова Ривиера“ тие се сретнаа со почесниот конзул на Руската федерација во Охрид проф. д-р Велимир Стојковски. Тој од „Ноќните Волци“ на подарок доби икона од Русија.

Во рамки на македонската турнеја „Ноќните Волци“ ќе ја посетат и Битола.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

OhridNews
фото: Емил Јовановиќ