Несовесни граѓани во текот на изминатите денови исфрлиле најлонски кеси и картонски кутии полни со отпад на приодот кон влезот на градинката „Билјана“ на булевар „Туристичка“. Фотографиите од исфрленото ѓубре се направени викендов од страна на граѓани кои живеат во овој дел од градот.
-Бараме од надлежните да преземат соодветни мерки за спречување на оваа појава и апелираме до несовесните граѓаните да го подигнат нивото на еколошка култура и отпадот да го депонираат на соодветни локации кои се предвидени за таа намена, велат нашите соговорници.
Инаку во текот на изминатиот период беа регистрирани уште неколку вакви случаи за несоодветно депонирање на отпад низ охридските улици.
OhridNews