Веќе подолго време е отстранета заштитната ограда околу бараките на бивши Трудбеник, во близина на мостот над каналот Студенчишта. На местото сега има тараби кои го заградуваат просторот каде идниот инвеститор ќе гради тоа што ќе гради. Сакам да предупредам на следното: столпчињата од старата железна ограда се пресечени, но остатоците што се вкопани во земјата опасно штрчат на повеќе места, на секои 2-3 метри!

Тоа се случува во тревнатиот појас околу тарабите, не е никако обележено, тешко се приметува од тревата, и многу возила останаа со искинати пневматици, вклучувајќи го и моето возило неодамна! Се надевам само дека нема повредени граѓани, особено деца, имајќи го предвид фактот што ова е доста фреквентно место! Многу неодговорно од тие што стопанисуваат со овој простор! Нека преземат нешто надлежните!

Можда со мало задоцнување, но гледам не се интервенира, па барем да бидат предупредени граѓаните да внимаваат каде и како ги паркираат своите возила, и уште поважно, да внимаваат на своите деца!

П. М.
Авторот познат на редакцијата

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите