Охрид засилено се подготвува за ЕП во ракомет. Охридските Амак Сп и Билјана 006 се единствени охридски прволигашки клубови кои го презнетираат градот во Македонија. Охрид синоќа беше домаќин на кошаркаски натпревар од меѓународен карактер, презентирајќи го македонскиот бисер во Европа.

Но сето ова некому не му е важно. Важно е да се покаже балканскиот инает и традиоциналната “гостољубивост“.


На кошаркаските терени на СРЦ Билјанини Извори, некои “јаки батки“ го собориле кошот од неговата конструкција.

Браво МОМЦИ ! ! !  Тоа е силината која треба да се демонстрира и убавината која треба да ја видат.


И додека некои упорно се трудат да му го дадат на градот на словенската писменост местото и реномето кое го заслужува, некои неписмени уште поупорно се трудат тоа да го срушат.

М.Постоловски