Се ближат избори. Неполн ден не дели до официјалниот старт на предизборната кампања, која неофицијално е во полн  ек. А, во неа едно од омилените средства за реклама на партиите се плакатите. Впрочем голем број партиски активисти изградиле кариера занимавајќи се со оваа неблагодарна изборна активност, а така ќе биде и овојпат. Локалната согласно законот одреди три локации за легално плакатирање, но како и обично голем дел од рекламниот материјал ќе заврши по разни излози, бандери и други места. Оттаму еден досетлив граѓанин од населбата Далјан навреме си ставил предупредување на излогот од деловниот простор, на кој учтиво ги моли партиите да не лепат плакати. Дали ќе го одминат? Ќе видиме.


Не лепете плакати за избори

Ohridnews