Промовирана новата спортска најсовремена опрема во основното училиште „Св. Наум Охридски“ во Пештани на Спортскиот хепенинг кој се одржа денес во просториите на спортската сала.

Опремата е набавена преку проект на Министерството за образование и наука поддржан од локалната самоуправа на Општина Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков.

Фокусот на нашата образовна мисија е грижа за спортското здравје на младите, за развојот на спортот и спортските активности. Опремувањето на спортската сала со современи реквизити е дел од нашата образовна мисија за подобрување на условите на учениците, за практикување секојдневна физичка активност и важен чекор кон создавање подобри услови за развој на идни спортски таленти кои ќе чекорат по траекторијата на најпопуларните спортски асови, вели директорката на училиштето, Валентина Рубаноска.

Набавени се  најсовремени кошеви, рипстоли, јажиња за затегнување, пилатес топки, одбојкарска мрежа со топки, голови за голем и мал фудбал, тениски топчиња со рекет, пинг понг топчиња со рекет, хулахоп, душеци за гимнастички вежби, јарец за скокање…

Продолжуваме во нашата образовна мисија да бидеме фокусирани на континуирано вложување во спортското здравје на учениците, додава Рубаноска.

На настанот присуствуваа претставници од училиштето, локалната самоуправа, советници, наставници по физичко образование, како и ученици.

Фото галерија:

Промовирана новата спортска најсовремена опрема во основното училиште „Св. Наум Охридски“

Н.С.Ј.