Амбасадорот на средношколските игри кои се одржуваат во Охрид, Наумче Мојсоски ја посети спортската сала „Тодор Александров“ каде се одигруваат ракометните натпревари и арената „Билјанини Извори“.
Тој на „гимназијалците“ им посака успех и среќа, а во говорот им порача покрај сите пречки дека не смеаат да се откажуваат од своите соништа.
Капитенот на Металург делеше маички со негов потпис и се сликаше со обожавателите кои го „нападнаа“.
Фото : Емилио
Мх.П.