Ниту културното наследство не е поштедено од неодговорни граѓани кои сопствените фрустрации продолжуваат да ги искажуваат со уништување на јавните добра.

Последен во редицата примери е информативната табла во центарот на Охрид која означува дека некогаш на овие простори поминувал Римскиот пат „Виа Инација“.

Непознат сторител(и) ја ичкртал таблата која е и излепена со стикери.

Не е прв пат јавните добра да бидат мета на вандали на кои воошто не им се битни цивилизациските вредности на градот кој со милениуми е лулка на културата. Но, очигледно е дека неа се помалку ја има.

Г.М.