Мускетари, каубојци, принцези, пеперутки, бетмени- денес на градскиот плоштад го славеа 1- ви април, Денот на шегата. Околу 350 деца од сите возрасни групи и објекти при ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“, ја покажаа својата креативност и ја остварија својата желбата- барем еден ден во годината да бидат омилениот лик од приказните и цртаните филмови.

Ова е празник за градинката. На овој ден децата се нивните јунаци од приказните, цртаните филмови, се она што сакаат да бидат во реалниот живот. Им  посакуваме на сите граѓани, како денес, така и преку целата година да бидат насмеани, весели, среќни и радосни, вели директорката на градинката, Розе Костоска.

На пригодната свеченост во организација на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ на градскиот плоштад освен најмладите од охридските детски градинки, учествуваа и ученици од речиси сите основни училишта во градот.

OhridNews