Покрај богатите парични награди за најдобрите екипи организациониот одбор на турнирот „Климент Колески“ обезбеди награди за најдобрите индивидуалци.

За најдобар играч на турнирот е прогласен Мартин Тодоровски од тимот на Бел Мерцедес, а со 13 погодоци најдобар стрелец е Ѓуро Мурџоски од Жито Леб.

Награди имаше за најстар и најмлад учесник а заминаа кај Абудла Дениши (Златара Бона Сера) односно Метин Демири (Ресторан Диадем).

Признанието за најдобар голман му припадна на Раиф Мирселоски од тимот на АСП Пак.

Мх.П.