Охридските угостители отсекогаш имале оригинални идеи. Најновата доаѓа од инвентивниот персонал на култната кафе – тераса „Аквариус“. Помисливме дека креативниот натпис е во функција на персоналот кога прави пуш – пауза, меѓутоа, од „Аквариус“ појаснуваат дека „известувањето“ го користат гостите кога одат на пушење. Се разбира дека оваа оригинална идеја повеќе има симболика, поради строгиот Закон за заштита од пушењето, кој според угостителите предизвика големи проблеми во нивното работење.


Ohridnews