Повеќе од 20.000 верници присуствуваа на Богојавленските свечености во Охрид. Во единствен амбиент на брегот на Охридското Езеро и годинава достоинствено беше одбележан големиот православен празник Водици. Верскиот спектакл во балканскиот Ерусалим го проследија и голем број гости од странство, како и 40-на тур-оператори. Одличната атмосфера од градското пристаниште се пресели во рестораните и кафулињата каде цел ден ќе се празнуваат Водици.


над 20.000 верници на Водици во Охрид…


…на градското пристаниште немаше каде игла да падне


околу 1000 верници скокаа по чесниот крст…


…меѓу капачите имаше и храбри деца


американците Бен и Ерика специјално во Охрид за Водици


охриѓани верни на традицијата…


…но и на обичаите

ништо без музика и добра песна

Бог се јави. За многу години !
Г. Момироски
М. Постоловски