Дел од бетонските столпчиња кои се поставени по должината на тротоарот на улица „Мите Богоевски“ во текот на изминатиот период се оштетени од несовесни граѓани.
Дел од жителите кои живеат во овој дел на Охрид коментираат дека свеста за чување на урбаната опрема е на многу ниско ниво.
-Не е јасно на кого и зошто му пречат столпчињата и зошто ги оштетуваат. Тротоарот на оваа улица беше уреден пред околу шест месеци, многу е жално што одредени поединци не се грижат за уреденоста на градот и демолираат се што ќе стигнат, вели повозрасна охриѓанка која секојдневно минува по оваа улица.
Вакви слични оштетувања на бетонските столпчиња, но и на други видови на урбана опрема, во текот на изминатиот период беа забележани и на уште неколку други локации низ Охрид.
OhridNews