Утрово во кафулињата околу Плоштад – тивко, луѓето ги читаа весниците преполни со текстови за непрежалениот македонски херој. Охриѓани се поздравуваа со „Добар ден“, се трудеа да не покажат дека длабоко во себе тагуваат неизмерно. „Џабе зборуваме, убајната замина засекогаш“ рече еден наш човек. Загубата е неповратна. Илјадници стихови и последни поздрави напишани од ученици, студенти, млади… сведочат и ќе сведочат за големината, за херојството, за патриотизмот на Тоше.
Нема утеха. Животот оди понатаму. Засекогаш во нашите срца ќе бидеш. Слава ТИ.