Се што е убаво кратко трае, особено ако е во Охрид. Мостот на желбите кој го пратат контроверзи од самото отворање, постојано е мета на несовесни граѓани. Неодамна беше отстранета една табла со хороскопскиот знак „стрелец“, за веднаш потоа да бидат оштетени и дел од светилките поставени на патеката. Кому навистина му сметаат јавните добра тешко е да се каже, ама загрижува што ваквите појави зачестија.


Една од светилките завршила на земја

Ohridnews