Голобрадите момчиња на Ајакс се вистинска сензација во светската јавност, откако успеаја да го елиминираат Реал Мадрид во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. Избраниците на Ерин тен Хаг стигнаа до триумф (4-1) во Мадрид и ја надополнија негативата (2-1) од првиот натпревар во Амстердам за билет помеѓу четвртфиналистите. Пласманот во ТОП 8 во транс ги фрли клупските легенди Едвин ван дер Сар и Марк Овермарс кои после завршување на мечот се спуштија на теренот и со навивачите го прославија големиот успех.

Голманот Ван дер Сар и Овермарс се членови на златната генерација која стигна до титулата европски шампион во 1995 година. Во финалето на Ернст Хапел стадионот во Виена, Ајакс со минимални 1-0 го совлада Милан.

OhridNews