На струшката екипа во полуфиналето против Металург од завршниот турнир во Младинска конкуренција во Охрид не и помогнаа ниту советите на Наумче Мојсоски од трибините. Популарниот Мојсо целиот меч го проследи на нозе советувајќи ги ракометарите кои во финишот снемаа здив и го загубија мечот со 31-26.

Помеѓу многуте присутни во СРЦ „Билјанини Извори“ беше и селекторот на Македонија, Данило Брестовац, кој до најситен детал ги анализираше ракометарите од двете екипи. Атмосферата во спортската сала во Охрид се очекува да кулминира во вториот полуфинален меч во кој ќе се сретнат ракометарите на Охрид и КЛ7.

OhridNews