Со моќна порака од навивачките групи „Рибари“ и „Паткари“ и громогласен аплауз од охриѓани во знак на поддршка за Сара Настеска која со своите најблиски ја води најзначајна борба започна „Езерското“ дерби помеѓу Охрид и Струга во ракометната Супер лига. „Рибарите“ на трибините ги истакнаа броевите за донација за собирањето на потребните средства за лекувањето на Сара во Германија, а охриѓани уште на самиот влез од СРЦ „Билјанини Извори“ донирајќи финансиски средства  ја покажаа хуманата страна.

Мх.П.
Фото: Мега Продукција