Во предворјето на црквата „Св. Софија“ вчеравечер младинците од Црвен крст Охрид ја изведоа театарска претстава „Приказна за една идеја“ со која ја одбележаа Неделата на Промоција на хумани вредности.
Секоја година како дел од ЦКА-ПХВ програмата, во периодот од 21-27 септември се одбележува ПХВ недела која е со цел да се поттикне креативноста на младинците и да се стават во акција нивните стекнати вештини.
Во рамки на истата годинава Црвен крст Охрид се приклучи со подготовката на претставата преку која младите ја истакнаа значајната улога на Црвениот крст како организација отворена за сите, со различни возрасти, професии, вери, националности, кои имаат желба да бидат корисни за заедницата и помогнат на оние на кои помош им е најнеопходна.
Младите упатија силна порака за унапредување на социјалната вклученост, култура на ненасилство, толеранција и мир.
Изведба на театарската претстава „Приказна за една идеја“
OhridNews
фото. А. Момироска