Екипата на Мистер И триумфираше на јубилејното 15-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2018“. Во финалето, Мистер И со 3-2 го совлада тимот на АСП Пак, додека со бронзен медал се закити Замок Александар кој после изведувањето на пеналите со 3-1 (1-1) победи против Шила во малото финале.

Финалниот натпревар одигран пред полни трибини донесе многу возбуда и пет голови. По првите 25 минути Мистер И водеше 2-0. На стартот од второто полувреме АСП Пак се врати со два голови во игра за позитивен резултат. Но, Мистер И постигна уште еден за ново водство, кое, го задржаа до крај и победија.

Победникот на турнирот Мистер И доби парична награда 60 000 денари, второпласираниот АСП Пак 30 000 денари, третопласираниот Замок 10 000 денари, а Шила 3 000 денари.

За најдобар играч на турнирот прогласен беше Љупчо Далчев, а најдобар голман Оливер Митрески и двајцата од Мистер И.

Мх.П.