Метеорскиот дожд Персиди доживеа кулминација изминатата ноќ. Со голо око на небото над Охрид можеа да се забележат метеори, кои можеа подобро да се забележат бидејќи месечината не го осветлуваше хоризонтот.

 

Метеорскиот дожд Персеиди се појавува секоја година во август од соѕвездието Персеј. Појавата настанува кога Земјата поминува низ облаци од честички прав оставен од кометата Свифт-Татл. Најмалите честички се со големина на зрно песок. Тие согоруваат во атмосферата на Земјата образувајќи метеорски дожд, кој прво е со голем интензитет, а потоа постепено слабее.

Овој метеорски дожд е активен од 17 јули па сè до 24 август додека максимумот речиси секогаш е на 12 август. Бројот на метеори обично достигнува 60 метеори на час.

Г.М.
Фото: А. Момироска