Македонскиот ракометен првак Металург во вториот натпревар на меѓународниот турнир во Струга немаше право грешка и со 33-26 го совлада тимот на Азоти Пулави.

„Металурзите“ лошо го започнаа мечот и констатна имаа негатива, но во вториот дел пулените на хрватскиот стратег Лино Червар го покажаа вистинското лице и ја публиката на „Женска плажа“.

Во финалето од 42-то издание Металург ќе го брани трофејот, а ќе го напаѓа Вардар кој исто така обезбеди пласман во мечот кој треба да биде најава за сезонава што престои.

Фото : Емилио

Мх.П.