Избраниците на тренерот Срѓан Захариевски стигнаа до предност во 47-та минута со „евроголот“ на Радевски додека „штофарите“ од пораз се спасија во финишот на средбата со погодокот на Јованоски.
Металург средбата со Тетекс ја заврши со девет фудбалери откако по влегувањето во игра се повредија Џинов и Наумоски, a сите фудбалери кои беа на клупата добија шанса за настап на контролниот натпревар во Охрид.
Повратникот во екипата на Металург, Антонио Каланоски поради повреда не настапи на средбата, а Александар Далчески влезе во втирот дел и одигра маестрално во дефанзива.
„Зелената“ експедиција се враќа во Скопје каде ќе ги одработи финалните подготовки пред натпреварот во Лигата на Европа со Карабах.